Loading...

Интернет страницата на ACT (American College of Thessaloniki) ги содржи основните информации кои би ви биле потребни. За подобра и поквалитетна информација за ACT и се што се нуди, Ве молиме посетете ја интернет страницата на англиски јазик со адреса: www.act.edu

Посетете ја страницата на ACT на англиски

Во врска со ACT

ACT - American College of Thessaloniki е приватна, непрофитна образовна институција, дел од Колеџот Анатолија и една од најзначајните образовни институции во Грција , со повеќе од 125 години традиција која ги опфаќа сите степени на образование.

ACT е признаен во САД од Комисијата на институциите за високо образование на New England Commission of Higher Education (NECHE) , тело кое ги акредитира дипломите на најдобрите универзитети во САД како Харвард и Јеил. Паралелно, основните студии на ACT имаат европски верификација преку Отворениот Универзитет (Open University) на Велика Британија.

Колеџот нуди можности за додипломски и постдипломски студии – Мастер (Bachelor’s и Master’s - MBA и MS). Исто така, Колеџот има посебна програма за стипендирање врз основа на материјалните потреби и финасиската состојба на семејството, но и успехот кои го имаат кандидатите од предходниот степен на образование.

Зошто во ACT

  • Студиски програми со високи стандарди, според моделот на големите американски универзитети.
  • Единствена програма во Северна Грција која е признаена од страна на NEASC - Комисијата која ги акредитира најистакнатите универзитети на светот, како што се Харвард, Јеил и останатите.
  • Професори со висок меѓународен авторитет и големо искуство во својата област.

Библиотеката Bissell е со површина од 4.500м² и е една од најмодерните во југо-источна Европа, додека Технолошкиот центар Stavros S. Niarchos им нуди на студентите пристап до најсовремените комуникациски и информатички технологии.

  • Мали класови, најчесто се состојат од 16 студенти, овозможуваат директен и личен однос помеѓу предавачот и оние кои ја следат наставата.
  • Мултикултурна средина со студенти од целиот свет.
  • Услуги, советувања и можност за пронаоѓање на работа во областа во која студентите имаат дипломирано.
  • Learning in Action – Бројни активности организирани од страна на колеџот при кои студентите остваруваат контакти со компании и организации од градот и пошироката околина, се вклучат во активности од општествениот живот при тоа се стекнуваат реални искуства
  • Програма за стипендирање врз основа на материјалната потреба на семејството, но и врз основа на успехот кои го имаат стекнато студентите од предходниот степен на образование. Стипендијата се обновува на годишно ниво.
  • Единствен програм во Северна Грција со гаранција на искуство на Колеџот Анатолија - образовна институција со историја на врвно академско образование од далечаната 1886.

Програми

Bachelor’s Degrees (додипломски студии)

BUSINESS ADMINISTRATION (Бизнис администрација)*
BS in Business Administration со специјализација во:
Претприемачки менаџмент • Интернационален бизнис и финансии • Маркетинг • Туризам

HOSPITALITY AND TOURISM MANAGEMENT
Студии за Раководење на туристичките единици и Угостителство во соработка со врвните образовни институции на Швајцарија (2 години во Грција и една во Швајцарија) и во САД (2 години во Грција и 2 години во САД).
Повеќе информации на www.act.edu/tourism

COMPUTER SCIENCE (Компјутерски науки)
BS in Computer Science

BUSINESS COMPUTING (Применети компјутерски науки)
BS in Business Computing

POLITICAL SCIENCE & INTERNATIONAL RELATIONS (Политички науки и Меѓународни односи)
BA (Hons) in Political Science & International Relations

ENGLISH (Англиска филологија)
BA in English со акцент на:
Јазик & Литература • Комуникација & Нови Медиуми

PSYCHOLOGY (Психологија)

Студентите исто така можат да следат предавања на второстепена специјализација (minor) која може да се искомбинира со било кој вид основни главни студии (major).

Master’s Degrees (Постдипломски студии)

MBA - MASTER IN BUSINESS ADMINISTRATION - МБА студии со специјализација во

  • Банкарсво и финасии- Banking and Finance
  • Претприемништво - Entrepreneurship
  • Менаџмент - Management
  • Маркетинг во дигитална ера - Marketing in the Digital Era

MS – MASTER OF SCIENCE IN HOSPITALITY AND TOURISM MANAGEMENT
Туристички менаџмент и угостителство

(Повеќе информации на www.act.edu/tourism)

Сертификати

  • Cisco Networking Academy Program (CCNA)
  • Digital Media • Web Development 
  • Teaching English as a Foreign Language (TEFL)
  • Global Business Management

Да ли знаевте...

дека во АCТ часовите почнуваат во септември, но и во јануари и во април?

Студентски живот

Студентската заедница на АCТ се одликува со мултикултурен карактер. Повеќе од 300 американски студенти од сите држави на САД секоја година избираат да студираат на АCТ, заедно со студентите од Грција и соседните земји на Балканот, но и од сите страни на светот.

АCТ им нуди на своите студенти можности за уметнички и спортски активности, бројни едукативни патувања, како и една од најголемите програми за поддршка во учењето која ги поврзува студентите со повеќе од 40 невладини организации и им обезбедува можност за социјални придонеси.

Кино клуб, Здружение на дипломатијата, тенис, нуркање и многу други студентски клубови ги очекуваат студентите на АCТ сами да ги откријат.

Солун е втор најголем град во Грција. Солун е вистинска раскрсница помеѓу истокот и западот и е порта која води кон Балканот. Основан е 315 година пред новата ера и денеска е еден современ град со повеќе од милион жители, познат по своето пристаниште, големи булевари, меѓутоа и по убави делови на градот како Ано Поли (Горен град), безбројни византиски споменици, музеи и по многу друго.

Солун е динамичен универзитетски центар на јужно-источна Европа со повеќе од 100.000 студенти, буквално 1 од 10 жители на градот е студент.

Секој ден градот ги дочекува со добредојде младите од целиот свет и затоа животот во ACТ не престанува да биде возбудлив!

Пријави за упис

Како можам да научам повеќе за новите програми на кој ги ACT?
Со повик на број 2310-398.398 & 2310-398.238-9, на www.act.edu, или преку комуникација во живо со skype со име: actadmissions.

Што треба да знаете за уписите?
Пријавите за упис со неопходните упатства се наоѓаат на интернет страницата на АCТ (www. act.edu) каде што можете да ги пополните и да ги приложите online. Академската година се дели на три периоди. Почеток на програмата е во септември, јануари и април, но постои и еден краток летен период за упис, обично од средината на јуни до средината на јули.

Кандидатите за студирање треба да контактираат со Оделението за упис барем месец дена пред почеток на периодот за упис за да имаат увид во роковите за упис.

Кога треба да поднесам барање за да започнам со студирање?

АCТ ги прима барањата за упис од месец јануари па се до средината на септември. Покрај ова, многу е значајно да знаете дека предност имаат тие што поднесуваат документи порано односно според датумот на поднесување на апликацијата.

Стипендии – Субвенции за студии

АCТ води грижа да биде финансиски достапен за нови студенти од Грција, балканот и останатите земји и затоа доделува стипендии. Стипендиите се доделуваат врз основа на финансиските можности на семејствата како и врз база на академските успеси од предходното образование на студентот.

Целтта на стипендиите е да се овозможи достапност на студиите на АCТ а воедно и да ги награди успесите на учениците.

ACT - American College of Thessaloniki има развиено и воспоставено систем за овозможување на материјална помош за студентите, што допринесува никој да не остане без студии заради ограничените материјални можности.

За повеќе информации можете да контактирате со АCТ Admissions Office на admissions@act.edu и со повик на број 2310 398 398.

Contact us for more information

If you would like to receive more information about undergraduate and graduate programs at ACT, please complete the following form.
Invalid Input

Invalid Input

Invalid Input

Invalid Input

Invalid Input

Invalid Input

Combined Degrees

Students who select combined degrees begin their studies at ACT and then transfer to leading US or EU partner institutions for the remainder of the program.
Invalid Input

I agree and consent to the Anatolia College Privacy Policy.

Invalid Input

 

17 Sevenidi St.
55535, Pylaia
Thessaloniki, Greece
Tel. +30 2310 398398
P.O.Box 21021

We use cookies to ensure you get the best experience on our website