Loading...

Интернет страницата на ACT (Амерички колеџ во Солун) ги содржи основните информации кои ќе ви бидат потребни. За една подобра и по квалитетна информација за ACT и се што нуди Ве замолуваме да ја посетите интернет страницата на англиски јазик со адреса: www.act.edu

Посетете ја страницата на ACT на англиски

Во врска со ACT

ACT - American College of Thessaloniki е една приватна, непрофитабилна образовна институција, дел од Колеџот Анатолија, еден од најзначајните образовни тела на Грција со традиција повеќе од 125 години опфаќајќи ги сите степени на образование.

ACT е признаен во САД од комисијата на институциите за Високо образование на New England Commission of Higher Education (NECHE) ,тело кое ги заверува дипломите на најдобрите Универзитети како Харвард и Јеил. Паралелно, основните студии на ACT имаат европски сертификат преку Отворениот Универзитет (Open University) на Голема Британија.

Севкупниот програм на студии опфаќа диплома на основни студии и пост дипломски студии – Мастер (Bachelor’s и Master’s - MBA и MS). Исто така Колеџот овозможува обемна програма со стипендии и тоа не само врз основа на материјалните потреби, туку и врз основа на успехот кои ги покажуваат кандидатите.

Зошто во ACT

  • Програма на студии со високи стандарди според моделот на големите американски Универзитети.
  • Единствена програма во Северна Грција која е признаена од страна на NECHE - комисија која ги заверува дипломите на најистакнатите Универзитети на светот, како што се Харвард, Јеил и останатите.
  • Професори со висок меѓународен авторитет и големо искуство во својата област.

Библиотеката Bissell со површина од 4.500м² е една од најмодерните во својот вид во Јужно-источна Европа, додека Технолошкиот центар Stavros S. Niarchos им нуди на своите студенти можност да имаат пристап на најсовремените технолошки средства.

  • Мали одделенија кои најчесто се состојат од 16 студенти омозможуваат директен и личен однос помеѓу предавачот и оние кои ја следат наставата.
  • Мултикултурна средина со студенти од целиот свет.
  • Услуги раководења и можност за пронаоѓање работа во областа во која студентите имаат дипломирано.
  • Learning in Action. Учење во пракса која им помага на студентите да стекнат врски со фирмите, организациите и со социјалниот живот на градот и пошироката околина.
  • бемна програма со стипендирање врз основа не само на материјалната потреба, туку врз основа на успехот кои го покажуваат студентите, а стипендијата се обновува на годишно ниво.
  • Единствен програм во Северна Грција со гаранција на искуство на Колеџот Анатолија - образовна иснтитуција со историја на врвно академско образование од далечаната 1886.

Програми

Bachelor’s Degrees (Основни студии)

BUSINESS ADMINISTRATION (Бизнис администрација)*
BS in Business Administration со специјализација во:
Менаџмент • Маркетинг • Финансии • Интернационален бизнис

HOSPITALITY AND TOURISM MANAGEMENT
Студии за Раководење на туристичките единици и Угостителство во соработка со врвните образовни институции на Швајцарија (2 години во Грција и една во Швајцарија) и во САД (2 години во Грција и 2 години во САД).
Повеќе информации на www.act.edu/tourism

COMPUTER SCIENCE (Информатика)
BS in Computer Science

BUSINESS COMPUTING (Применета информатика)
BS in Business Computing

INTERNATIONAL RELATIONS (Меѓународни односи)
BA in International Relations

ENGLISH (Англиска филологија)
BA in English со акцент на:
Јазик & Литература • Комуникација & Нови Медиуми

PSYCHOLOGY (Психологија)

Студентите исто така можат да следат предавања на второстепена специјализација (minor) која може да се искомбинира со било кој вид основни главни студии (major).

Master’s Degrees (Постдипломски студии)

MBA - MASTER IN BUISINESS ADMINISTRATION во •

  • Banking and Finance
  • Entrepreneurship
  • Management
  • Marketing in the Digital Era

MS – MASTER OF SCIENCE IN HOSPITALITY AND TOURISM MANAGEMENT
(Повеќе информации на www.act.edu/tourism)

Сертификати

  • Cisco Networking Academy Program (CCNA)
  • Digital Media • Web Development •
  • Teaching English as a Foreign Language (TEFL) •
  • Global Business Management

Да ли знаевте...

Дека во ACT часовите почнуваат во септември... но, И во јануари И во април?

Студентски живот

Студентската заедница на ACT се одликува со мултикултурен карактер. Повеќе од 300 американски студенти во сите држави на САД секоја година избираат да студираат на ACT, заедно со студентите на Грција, и на соседните земји на Балканот, но, и од сите страни на светот.

ACT им нуди на своите студенти една потполна програма на уметнички и спортски активности, бројни едукативни патувања, како и една од најголемите програми service learning, која ги поврзува студентите со повеќе од 40 невладини организации и им обезбедува можност за социјални придонеси.

Кино клуб, Удружение на дипломатијата, тенис, нуркање (scuba diving) и многу друго ги очекуваат студентите во ACT сами да одкријат.

Исто така и животот во Солун. Солун е втор најголем град во Грција. Една вистинска раскрсница помеѓу Истокот и Западот и капија која води накај Балканот. Основан е 315 година пред Новата ера и денеска е еден современ град со повеќе од милион жители, познат по своето пристаниште, големи булевари, меѓутоа и по убави делови на градот како Ано Поли (Горен град), безбројни византиски споменици, музеи и по многу друго.

Солун е најжив универзитетски центар на Јужно-источна Европа со повеќе од 100.000 студенти, буквално 1 од 10 жители на градот студира на Универзитетот. Секој ден градот ги дочекува со добредојде младите од целиот свет и затоа животот во ACT не престанува да биде возбудлив!

Пријави за упис

Како можам да научам повеќе за новите програми на кој ги нуди ACT?
Со повик на број 2310-398.398 & 2310-398.238-9, на www.act.edu, или преку комуникација во живо со skype со име: actadmissions.

Што треба да знаете за уписите?
Пријавите за упис – со неопходните упатства – се наоѓаат на интернет страницата на ACT (www. act.edu) каде што можете да ги пополните и да ги приложите online.

Академската година се дели на три периоди. Почеток на програмата е во септември, јануари и април, но постои и еден краток летен период за упис, обично некаде во средината јуни до средината на јули.

Кандидатите за студирање требаат да контактираат со Оделението за упис барем месец дена пред почеток на периодот за упис да би ги потврдиле датите.

Кога треба да поднесам барање за да започнам со студирање?

ACT ги прима барањата за упис од јануари и се до средината на септември. Покрај ова многу е значајно да знаете дека се води строго сметка за тоа кој има предност според редоследот на упис.

Стипендии – Субвенции за студии

ACT се труди константно да биде не само прв избор, но, да биде и материјално достапен избор за нови студенти во Грција, на Балканот и на останатите земји. Затоа, ACT доделува стипендии врз основа на материјалните потреби и академски успеси на еден значителен број на новодојдени студенти.

Цел на овие стипендии е квалитетната настава да ја направат по пристапна за студентите, посебно во овие тешки времиња, а исто така и да ги награди и успесите на учениците. •

American College of Thessaloniki (Американскиот колеџ на Солун) развил и воспоставил еден систем на овозможување на материјална помош на студиите, што допринесува никој да не остане без студии заради ограничените материјални можности.

За повеќе информации можете да контактирате со ACT Admissions Office на admissions@act.edu и со повик на број 2310 398 398.

 

17 Sevenidi St.
55535, Pylaia
Thessaloniki, Greece
Tel. +30 2310 398398
P.O.Box 21021

We use cookies to ensure you get the best experience on our website